ПРОДОЛЖУВААТ ЗЛОУПОТРЕБИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ ВО М.КАМЕНИЦА!

0
4302

Ова е список на вработени во образование од М.Каменица од кои најголем дел со притисоци и уцени од Вмро Дпмне утре ќе мораат да присуствуваат на митинг во Скопје.

Списокот е правен од Ана Младеновска, потпретседателка на УМС на Вмро Дпмне во М.Каменица а ни е доставен од анонимен извор од М. Каменица. А кандидатката за пратеник од Вмро Дпмне Весна Јованова, воедно и претседателка на Унијата на жени на Вмро Дпмне во М.Каменица и директорка на Детска градинка Бамби од М. Каменица, барала изјава од секоја учителка која не сака да иде за Скопје со образложение зошто нема да иде!?15218224_206536593128650_1668738167_n

На ова со своја реакција се јави Иван Кузмановски, претседател на ОО СДСМ М.Каменица и кандидат за пратеник: Како што се охрабрил нашиот извор да го слика списокот и да каже што се случува во училиштата во М.Каменица, ги охрабруваме и другите да не подлегнат на притисоците од Вмро Дпмне, и да им кажам дека ниту Вмро ниту Сдсм им го има завршено образование па да стравуваат за својата работа.

НИКОЈ НЕМА ДА БИДЕ ИЗБРКАН ОД РАБОТА! НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА НЕ ИМ ДАВА ПЛАТА ТУКУ ДРЖАВАТА Р.МАКЕДОНИЈА СО ПАРИ ОД ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ!

А за противзаконските дејствија на Вмро Дпмне, злоупотребата на службената положба, функцијата и мобингот мора и ќе се одговара! – се вели во реакцијата на Иван Кузмановски.