Saturday, March 22, 2025
12.8 C
Skopje

ПРОДОЛЖИ СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: КАКО GPS-АПЛИКАЦИЈАТА И СНИМКИТЕ ВОДАТ ДО НОВИ ТРАГИ?

Во Кривичниот суд во Скопје денеска сведочеше Гоце Трајковски, клучниот сведок во случајот со убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Тој сведочеше за неговото вклучување во истрагата и потенцијалните докази што ги открил.

Трајковски изјави дека добил закани по живот од членови на партијата „Десна“ и дека бил предупреден да внимава што ќе каже во судницата. „На обвинетите им порачувам да не се закануваат“, рече тој во својот исказ.

Сведокот детално опиша како се вклучил во потрагата по Вања и како се обидел да дојде до снимки од безбедносните камери во околината на нејзиниот дом. Според него, едно лице од „Сејв сити“ му кажало дека е необјасниво како во критичниот период нема ниту една снимка од Вања.

„На 28 ноември 2023 година, со Александар Ѓорчевски се сретнавме пред неговата зграда. Ми рече дека никогаш не се случило да ја нема Вања цел ден. Почнавме да ги бараме снимките од околните објекти. На снимките од фризерницата во близина ја немаше Вања, иако GPS-апликацијата што ја имале со нејзината мајка Зорица покажуваше дека поминала од таму. Ги анализиравме возилата и забележавме еден ‘цитроен’ кој се движеше значително побавно од останатите, а беше забележливо дека моторот му е студен. Кога испратив слики од автомобилите кај лице во ‘Сејв сити’, ми кажаа дека токму тој ‘цитроен’ веќе неколку дена го бара полицијата, бидејќи припаѓал на исчезнато лице од Велес.“ – сведочеше Трајковски.

Одбраната на Александар Ѓорчевски изјави дека е задоволна од сведочењето. „Сведокот даде исказ кој не го компромитира Александар. Конечно се слушна целосната вистина“, изјави неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ.

Спротивно на тоа, одбраната на Љупчо Палевски го оспори сведочењето на Трајковски. Во текот на рочиштето, адвокатот Јовица Страшевски и неговиот клиент Палевски добија опомени од судот. Одбраната на Палевски повторно побара изземање на судијата Ивица Стефановски, но судот го одби барањето.

Следното рочиште е закажано за 14 февруари.

ОВАА НЕДЕЛА

ШЕКЕРИНСКА: ВО ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ОДБРАНА ЕУ ДА ВКЛУЧИ И СОЈУЗНИЦИ КОИ НЕ СЕ НЕЈЗИНИ ЧЛЕНКИ

Европската унија во своите одбранбени иницијативи треба да вклучи...

ТОШКОВСКИ: ЦЕЛОСНА МОБИЛИЗАЦИЈА НА ИНСТИТУЦИИТЕ, МВР РАБОТИ СО СИТЕ СВОИ КАПАЦИТЕТИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во денешната изјава...

НАЈАВЕНИ ПРОТЕСТИ: „ДА ОДГОВАРААТ СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ КОИ ЈА КОЧЕЛЕ ПРАВДАТА“

Денеска пред Судот во Тетово беше оставен противпожарен апарат...

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА СМРТТА НА ВЕДАТ: ОБДУКЦИЈАТА ТРЕБА ДА ЈА УТВРДИ ЛЕКАРСКАТА ГРЕШКА

Кумановското обвинителство отвори предистражна постапка за случајот со смртта...

КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОСТАНУВА ОТВОРЕНА ЗА ПРИЕМ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ПАЦИЕНТИ

Длабоко сочувствуваме со семејствата на жртвите и им посакуваме...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ