Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2, а во врска до член 19 (во обид) и во врска со член 12 став 2 (битно намалена пресметливост).
Обвинетата на 10 септември годинава, во семејниот дом во Кавадарци, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка со која живееле во иста куќа. Додека жртвата спиела, обвинетата со чекан ја удрила повеќе пати во главата со што и нанела тешки телесни повреди. Потоа чеканот го фрлила во дворот на куќата и не го довршила делото.