ПРОДАНОСКИ : КОВАЧЕВСКИ ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ПУШТИ ВО УПОТРЕБА АПАРАТ ЗА МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА, ТОА Е МНОГУ ЛОШО И ТРЕБА ДА СЕ СРАМИ

0
2775

Пресконференција на претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски.

Почитувани,

Денес во посета на прилепската болница дојде Димитар Ковачевски, по повод пуштање во употреба на апарат и оддел за магнетна резонанца. Колку за потсетување, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, крупните инвестиции во здравството беа секојдневие. Сега, дури после 5 години власт на СДСМ, конечно ние прилепчани, дочекавме некаква инвестиција во прилепската болница, во истата болница каде за време на грејната сезона немаше затоплување.

Во болницата во која долгот е сериозно зголемен од кога ја менаџираат кадри на СДСМ и во која и оние затекнати апарати не се одржуваат и како последица на тоа подолг период не е во функција мамографот. Како не му е срам на Премиерот Ковачески да доаѓа во болницата во која имаше најмногу смртни случаи за враме на Ковид – пандемијата!

Прашуваме, зошто Ковачевски, повторно ги избегна тутунарите, на кои сеуште не им се исплатени субвенциите? Знае ли како се снајдуваат со набавка на скапите репроматеријали и скапата нафта? Ги праша ли воопшто некој од владата овие луѓе како преживуваат и како врзуваат крај со крај? Дали е целта уништување на тутунопроизводството, се со цел задоволување на фамилијата т.е. мафијата па регионот да се користи за производство на марихуана?

Разговараше ли Ковачески со одговорните во полициската станица која ја тресат сериозни скандали за вмешаност во криминал на високи полициски службеници каква е безбедносната состојба во градов, кој се повеќе наликува на американски град од 30-тите години на минатиот век со секојдневни групни тепачки, пукање од огнени оружја во угостителски објекти, запалени автомобили, тешки кражби и убиства? Дали ваквата состојба се должи на поддршката на сторителите на криминал од страна на истакнати функционери на СДСМ во Прилеп?

За жал граѓаните на сопствен грб најмногу ја чувствуваат неспособноста на Ковачевски и владата предводена од СДСМ. Најдобар показател за тоа се прескапите продукти во маркетите, инфлацијата, енергетска криза, кризата во образованието, кризата буквално во секој еден сектор за кој владата не презеде навремени мерки.

Во овие 100 дена старо-нова влада предводена од Ковачевски, како продолжена рака на деструктивните политики на Зоран Заев, нема ништо друго освен растечка сиромаштија, зголемени сметки и давачки, национално понижување, тргување со националните интереси..   Почитувани, на Македонија и’ се потребни предвремени избори час поскоро, бидејќи тоа е единствениот начин за спас од неспособноста на СДСМ и Ковачевски. Избори, за да се стави крај на недомаќинското работење, нерационалното трошење пари, огромното задолжување, крај на бедата и сиромаштијата кои ги имаат зафатено граѓаните.