ПРОДАВАЧ НА ЗЕЛЕНЧУК ОД С.БАНИЦА СТРУМИЧКО : СИМЕОН СТОЈАНОВ – НИЕ НЕ ПРОДАВАМЕ НА ДИВО, ЈАС КАКО И СИТЕ ТУКА ЗАЕДНО ВО ПРИЛЕП НА ,,ЈП ПАЗАРИ” ИМ ПЛАЌАМЕ ПО 13.000 ДЕНАРИ ЗА ДА ПРОДАВАМЕ ЗЕЛЕНЧУК СО КАМИОНИТЕ ТУКА КАДЕ ШТО СМЕ, ЗА ПАЗАРЏИИТЕ ПРОБЛЕМ Е ШТО ОД НАС ПРЕКУПУВААТ ЕФТИНО ЗЕЛЕНЧУК ЗА ДА ГО ПРОДАВААТ НА ПАЗАРОТ ПОСКАПО ОД ТУКА

0
802

На денешната прес конференција од страна на 40-тина прилепски пазарџии одржана во центарот на Прилеп кај градскиот плоштад веднаш до споменикот на Пеце Атанасовски заедно со претседателот на здружението ,,Пазари” од Прилеп Николче Трајкоски беше побарано од страна на локалната власт и пазарните инспектори како и воедно од градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески да ги дислоцираат струмичките продавачи на зеленчук затоа што според нив нивниот промет како пазарџии им бил намален на 50%.

  • „Пазарниот и комуналниот инспекторат во координација со полицијата да ги расчистат узурпираните јавни површини кои со закон не се предвидени како продажни места , а воедно и да ги заштитат граѓаните од продажба на градинарски производи, во нехигиенски услови од епски размери“, вели Николче Трајкоски, претседател на здружение „Пазари“ од Прилеп.

Образложението на Трајкоски е дека струмичките продавачи на зеленчук се наоѓаат во непосредна близина на пазарот па токму затоа им е намалена продажбата на нивните производи. Но од друга страна струмичките продавачи на зеленчук ги обвинуваат прилепските пазарџии за прекуп на зеленчук од нивните производи за потоа да ги продаваат за повисоки цени на нивните тезги а притоа изјавија пред камерите на медиумите дека тие уредно плаќаат закуп на просторот на ,,ЈП пазари” .

  • „Ние го прашавме директорот на „Пазари“ и тие ни дозволија. Прашавме дали овој плац е слободен, тие рекоа да. И ние си плаќаме 13.000 денари месечно, сега незнам зошто сакаат да не избркаат прилепските пазарџии ние не сме против нив“, додаде Симеон Стојанов, земјоделец од струмичко.