ПРОГОЛТАЛ КОКАИН ЗА ДА ГО СКРИЕ ОД ПОЛИЦИЈАТА И СЕ ПРЕДОЗИРАЛ – ОД ШТО ПОЧИНА 20-ГОДИШНОТО МОМЧЕ ВО РАДОВИШ

0
527

Од преголема количина кокаин почина 20-годишното момче кај кое полицијата најде марихуана по извршен претрес во неговиот дом. Како што дознава „Фокус“ од неофицијални извори момчето го проголтало кокаинот за да го скрие од полицијата.Обдукцијата треба да покаже колкава количина кокаин завршила во неговиот организам. Неговите витални функции престанале уште пред да биде донесен во болница. Додека траело апсењето на момчето, му се слошило и бил однесен во штипската болница, но веќе било доцна.

Од болницата за „Фокус“ велат дека попладнето го примиле В.А. дека се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.Претходно во билтенот на МВР беше објавено 20-годишникот починал откако му се слошило по извршен претрес.„На 16.03.2023 во 15.35 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека во Клиничката болница Штип починал В.А.(20) од Радовиш, на кого му се слошило, откако претходно бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш по извршен претрес во неговиот дом во Радовиш, со судска наредба, при кој била пронајдена марихуана” – информираа од МВР.