ПРОВЛАДИНИТЕ КРЛЕЖИ СЕ СКРЕНАА ОД УМОТ ОД ПАНИКА ПОРАДИ БОМБАТА НА ЗАЕВ : Александар Пандов преку Радио Слободна Македонија му се закани на Заев дека ќе го убие ако продолжи да ја објавува бомбата!

0
711

MNShow3

Ситуацијава веќе ич не е смешна и почнува да станува морничава. Александар Пандов дежурниот аналитичар во режимските медиуми и екс пратеник на ВМРО ДПМНЕ, во емисијата на Миленко на Радио Слободна Македонија му се закани на Заев дека ќе го убие ако продолжи со објавување на бомбата.

– “Него никој не го спречува. Државата не го спречува. Ако случајно дознаам дека имаат намера да објават нешто за мене ја ќе му пратам порака дека тое е последното нешто што го направил во животот. Он сега со ова ќе предизвика војна, ќе уништи партии, фирми, семејства, некој мора да го спречи во ова што го прави!” врескаше Пандов на фреквенциите на Радио Слободна Европа. Миленко не само што не го спречуваше во тоа туку и самиот редеше грст навреди за Заев дека е ментално нестабилна личност од која може се да се очекува.

Интересно е што овие двајца морони не се запрашаа зошто МВР снимало и следело толку многу луѓе и толку значајни луѓе и зошто нема аудио од само двајца во државата – Груевски и Мијалков?! Но тие продолжија со трендот на власта да се закануваат и да креираат хистерија кон политичките противници.

Веќе подолго време режимот на Груевски спрема атмосфера за линч на Зоран Заев. Се повикува за негово апсење, се прогласува за предавник па дури на провладиниот портал Курир и порталот на Филип Петровски, Пулс се објави сторија во која се објавени коментари на социјални мрежи во кои се повикува на линч на Заев:

zaevlinc

Дури и спикерот и уредник на вестите на Сител, Латас, искоментира дека власта ќе им најде чаре на СДСМ, демек ќе ги реши, алудираше на апсење и друга примена на моќ.