ПРИ ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО БИТОЛА ПРИВЕДЕНИ СЕ 11 ЛИЦА, НАЈДЕНА Е ДРОГА, ОРУЖЈЕ И ПАРИ

0
473

МВР информира дека денеска во периодот од 05:50 часот до 13:30 часот на подрачјето на Битола криминалистичката полиција на СВР Битола изврши 11 претреси на домови и други простории заради сомнение за сторено кривично дело по чл. 215 и чл.396 од КЗ, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка, прашкаста материја, предмети со траги од прашкаста материја, два пиштола, пет куршуми и над 20.000 евра.

Притоа, лишени се од слобода Б.П.(40), И.Ј.(42), В.М.(23), Н.К.(43), Г.Б.(35), Б.И.(31), К.Т.(47), Х.Г.(28), Р.М.(20), И.К.(22), В.К.(31) сите од Битола.

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.