Природните непогоди тема на средбата на Заев со Светска банка

0
454

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со Еугене Гуренко, претставник на Светска банка, со кого разговарал за достапната помош од Светска банка на државата и на општините во услови на природни непогоди со несакани последици.

– Неподготвеноста на државните институции да се справат со ризиците и последиците од поплавите со катастрофални последици во Скопје, како и земјотресите што го погодија скопскиот регион е алармантна потврда дека на Македонија и е потребен далеку посериозен пристап во справувањето со несаканите последици од можните природни непогоди. Граѓаните страдаат, а властa свесно не ги користи ваквиот вид проекти бидејки се транспарентни, нешто што не е карактеристика на оваа неодговорна власт – рече Заев.

Претседателот на СДСМ Заев го поддржа проектот на Светска банка за заштита од природни непогоди и ризици и рече дека државата во иднина мора сериозно да се отвори кон ваков вид проекти што се од посебен интерес за граѓаните.