ПРИПАДНИЦИ НА АРМИЈАТА ЌЕ УЧЕСТУВААТ ВО ПОВЕЌЕ МИСИИ И ОПЕРАЦИИ, НА НАТО, АЛТЕА, ОН

0
326

На денешната владина седница, на предлог на Министерството за одбрана се донесени повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија во меѓународни мисии.

Припадниците на АРМ ќе учествуваат во: НАТО мисијата „NATO Mission Iraq – NMI” во Ирак; за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА”, во Босна и Херцеговина; за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР”, во Република Косово; за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство” (enhanced Forward Presence – eFP ), во Република Летонија; за учество во меѓународната операција на ООН, „УНИФИЛ”, во Република Либан.