ПРИНЦОТ ЧАРЛС НЕ ОСТАНА ИМУН, НА 72 ГОДИНИ ЗАЛЕПИ КОРОНА ВИРУС

0
1388

Принцот Чарлс има коронавирус, тестот за Ковид-19 е позитивен, известија од кралското семејство утринава.

72-годишниот наследник на престолот имал „благи симптоми“, но „останува во добра здравствена состојба и работи од дома како и досега“, и се самоизолирал во Шкотска со својата сопруга Камила – војвотката од Корнвол чиј тест засега е негативен, извести Sky News.

Принцот, вирусот го добил за време на еден од неговите многу контакти во последните неколку недели.

Кралицата Елизабета Втора (93) ја напушти палатата пред неколку дена за да избегне зараза со вирусот.