Monday, December 2, 2024
8.8 C
Skopje

ПРИЛЕП ЗАВИЕН ВО ТАГА ПО ТРИТЕ ЖРТВИ КОИ УТРОВО ТРАГИЧНО ГО ЗАГУБИЈА ЖИВОТОТ ВО ДЕНЕШНАТА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ПРИЛЕП – БИТОЛА КАЈ ЛАГОВО

Страшна сообраќајка се случи рано утрово на патот Прилеп-Битола. Сообраќајката настанала во директен судир меѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел во обратен правец, кон Прилеп.

Исходот од оваа несреќа се три загинати и едно повредено лице. Загинатите инаку оделе кон своето работно место, а од болницата каде што работеа жртвите се огласија со фотографии од нив и објава.

Ви ја пренесуваме во целост:

“Со длабока болка, тага и неизмерна жалост, ја примивме веста за тешката загуба на нашиот медицински персонал, кој денес загина во сообраќајна несреќа.
Прим. д-р Александар Ристески, врвниот македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа утринава, доаѓајќи на своите работни места од Прилеп.

Менаџерскиот тим и целиот персонал на Болница Плодност со неверување во текот на денот ја примија веста и со длабока тага им изразуваат почит на прерано загинатите колеги.

„Изразуваме длабоко сочувство до семејства на нашите колеги, за прераната загуба на нивните членови на семејствата. Секој од нив имаше свое посебно место во нашата болница и во нашите срца. Прим. д-р Александар Ристески беше врвен бренд во македонската радиологија, но и во светски рамки. Неговата десна рака и соработник, радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, беше неизоставен дел од Одделот за рентген дијагностика. Спец. гинеколог д-р Никола Василески долги години беше дел од гинеколошкиот тим на доктори во нашата болница. На достоен начин, Болница Плодност секогаш ќе ги памети нивните дела, но и нивните насмевки, топли зборови и секогаш отворени срца за пациентите и за колегите. Нивниот придонес ќе биде вечно запаметен и врежан во историјата на македонската медицина, но најмногу во аналите на историјата на Болница Плодност“, рече прим. д-р Таше Трпчевски, менаџер и сопственик на Болница Плодност.

Со соодветен комеморативен настан, Болница Плодност ќе им оддаде почит на трагично загинатите колеги.”

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ