ПРИЛЕПЧАНИ СОЛИДАРНИ ВО ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТАТА ВЕСНА НИКОЛОСКА

0
286

Голем број на прилепчани се во потрага веќе втор ден по исчезнатата 50 годишна, Весна Николоска која е сопственик на слаткарницата Дизниленд Трејд-Прилеп.

Весна е исчезната веќе втор ден која е последен пат видена на патот кон вештачкото езеро во Прилеп. Во потрагата се веќе вклучени голем број на ловечки друштва а вклучена и Спасителната служба „Златоврв“.

Кампот на Спасителната служба ,,Златоврв” се наоѓа кај новиот објект ,,ИКТ” центарот кој го гради МВР кај касарните. Се очекуваат уште доброволци во потрагата за Весна Николоска со надеж дека некој ќе ја пронајде здрава и жива.