Вчера во 00.10 часот во полициска станица во Прилеп, 44-годишен прилепчанец пријавил насилство од страна на сопругата.
Како што е пријавено тој пријавил физички напад во семејниот дом од страна на неговата сопруга со која бил во бракоразводна постапка. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.