Во Лос Анџелес, САД, во организација на светската билјард федерација (WPBA), во период од 16-20 Декември оваа година ќе се организира Светско првенство во HEYBALL, за спортисти со попреченост.
Република Македонија сега и официјално ќе има свој претставник на ова престижно натпреварување, а тоа е македонскиот медалист од последното Европско првенство Владимир Ѓоргиески од ЗБИ Прилеп.
БФСМ и целата македонска спортска јавност им посакува многу среќа, мирна рака и голем успех.