Прилепски „Конфи Ангел“ прави заштитни маски и скафандери, засега за општината и јавните претпијатија, наскоро и лиценцирани за извоз

0
264

– Македонско-британска компанија од Прилеп „Конфи Ангел“ проиведува два типа заштитни маски, почна со скафандери а за две недели со нова машина и медицински сертифицирани маски и до еден милон месечно.

Како што објаснува косопственикот Ирена Јакимоска,  компанијата „Конфи Ангел“ цел викенд инсталирала нова производствена линија и преадаптирање на процесите на производство за заштитни маски и скафандери.

-Во овој момент компанијата произведува два типа на заштитни маски и месечно може да се произведат околу 200 000 парчиња. Ова се маски, рачно изработени, не се сертифицирани и имаме доволнно материјал за вакво производство на заштитни маски. Тој материјал го користиме за друг тип неопходен производ, а тоа се скафандерите. Моментално ги работиме во ограничени количества за потребите на Општината, за јавните комунални претпријатија при процесот на чистење и дезинфекција на улиците и на јавните површини,а имаме одредени количества за градската болница и за јавното здравство, изјави Јакимоска.

Ќе се произведуваат уште два типа производи кои многу ќе им помогнат на медицинските лица. Производството ќе се преструктуира за потребите на граѓаните и на државата, а ако има можност ќе помогнеме и во регионот.

-За десетина дена почнуваме нов процес на производство. Се набавува нова машина која ќе овозможи автоматско производство на маски. Испорачани се поголеми количества на сертифициран медицински материјал, специјализиран за медицински маски, па компанијата, најдоцна за две недели, ќе може да произведува сертифицирани медицински маски и до  еден милион парчиња месечно. Приоритет ќе биде да се задоволат потребите на македонските здравствени институции и на македонските компании.

Дополнително, потоа, во соработка со кризните штабови би одлучиле за која земја од регионов да произведуваме сертифицирани медицински маски за да може да има размена за некој тип производ кој е неопходен за нашава земја, објаснува Јакимоска.

Компанијата ќе објави две е -маил адреси: едната за производство на донаторство на маски, а другата за комерцијални цели. Ќе се направи приоритет. Денеска ќе се решат количествата за донирање и на перници и на јоргани, неопходни во овој период.