ПРИЛЕПСКИ ИНВЕСТИТОР ВО БОЛНИЦАТА ШЕНДЕТИ ВО ТЕТОВО, ЖРТВА НА ПОЛИТИЧКО-БАНКАРСКИ ИНТЕРЕСИ

0
1504

Приказната на д-р Адил Мустафа за матните банкарски игри поврзани со изградбата на приватната болница „Шендети“ во Тетово, го предизвика интересот на пошироката јавност.

shendeti
shendeti

Во насока на појаснување на манипулациите на првите луѓе на една од банките кои функционираат во Република Македонија и на причините поради кои болницата до ден денес не профункционира, РеволуционерМк побара мислење од бизнис партнерот на д-р Мустафа, прилепскиот бизнисмен Борче Чупетрески.

Чупетрески вели дека во 2009 година бил повикан од страна на директорот на банката, кој во тоа време бил и член на нејзиниот управен одбор а кој од него побарал да направи длабинска анализа за состојбата на болницата и да утврди што сѐ е потребно за да не дојде до активирање на хипотеките. Намерата на банката била, како што вели Чупетрески, да ѝ даде дополнителен кредит на болницата со кој би се овозможило нејзино ставање во функција.

Со д-р Адил Мустафа прв пат се сретнавме во канцеларијата на директорот на банката во Скопје. После направената анализа констатиравме дека на болницата ѝ се итно потребни 50.000 евра за враќање на ратите кои таа ги имаше спрема банката, како и други 150.000 евра за купување на најосновната опрема со која би се добила лиценцата за работа. Добивањето на лиценцата ја налагаше потребата од дополнителни 450.000 евра, пари кои би се употребиле за набавка на обртни средства и за потрошен медицински материјал. За таа цел изготвивме бизнис план вреден 650.000 евра – вели Чупетрески.

Од причина што во тој момент Чупетрески бил кредитоспособен и спаѓал во „А“ категоријата, банкарите побарале од него да земе кредит во висина од 200.000 евра, од кои 50.000 евра би ги дал како позајмица, а со останатите пари би купил опрема за почеток на работата на болницата.

chupetre

За оваа зделка мојата фирма ќе имаше реална добивка од 15%, што јас ја проценив како одлична бизнис прилика. После добивањето на лиценцата за работа, банката требаше веднаш да одобри кредит во висина на бараната вредност, со што би се исплатил долгот кон мојата фирма. Оваа понуда беше дадена лично од директорот на банката, што поради долгогодишната соработка со банката за мене преставуваше сигурна гаранција за успешен и легален бизнис. Ја прифатив понудата да помогнам, а соработката беше прифатена и од д-р Мустафа. Откако опремата беше поставена и пуштена во работа, а паралелно беше и добиена и лиценцата за работа, аплициравме во банката за добивање на кредитот. Меѓутоа тогаш започна вистинската голгота – појаснува Чупетрески.

Првите проблеми се јавила како последица на одолговлекувањето на периодот за добивање на кредитот, со што започнало оптоварувањето на неговата фирма со плаќање на непредвидени камати за кредитот, што било причина за предизвикување големи загуби во неговата фирма. Тогаш, според зборовите на прилепскиот бизнисмен, започнале и притисоци врв неговото работење.

Првите проблеми се јавила како последица на одолговлекувањето на периодот за добивање на кредитот, со што започнало оптоварувањето на неговата фирма со плаќање на непредвидени камати за кредитот, што било причина за предизвикување големи загуби во неговата фирма. Тогаш, според зборовите на прилепскиот бизнисмен, започнале и притисоци врв неговото работење.

Чупетрески побарал од банката да го реши проблемот што е можно побрзо, бидејќи нема да може да плаќа туѓи кредити. После скоро 3 месеци, банкарите побарале од него да го смени бизнис планот и да побара нов кредит од 1.100.000 евра, од кои 650.000 евра би се искористиле за болницата а останатите 450.000 евра за купување на негативни пласмани, односно пропаднатите кредити на банката кои, всушност, преставуваат нејзина загуба.

Тоа беше вистински шок за мене и прва уцена која сум ја добил во животот. На почетокот го одбив предлогот како несериозен, но откако банкарите ми кажаа дека тоа е единствен услов за да се добие било каков кредит, сфатив дека оваа игра е премногу сериозна и опасна. Размислував дали да пријавам во полиција, но немав никаков доказ дека некој ме уценува. Бев ставен во мат позиција од која не можев да излезам без сериозни последици. Морав да бирам дали да ја затворам мојата фирма или да ги наплатам побарувањата од болницата, со што би се спасил и себе и моите фирми – револтирано раскажува Чупетрески.

После ваквата уцена тој го повикал д-р Адил Мустафа и му ја објаснил ситуацијата. Д-р Мустафа бил револтиран од предлогот и не сакал да го прифати. Сепак, после два месеца убедување, жолчни расправии и притисоци од доверителите кои на сите начини притискале да стигнат до ветените пари од кредитот, д-р Мустафа прифатил да даде 200.000 евра во банката, но при тоа и да ја купи куќата која банката во тоа време ја имала понудено како негативен пласман.

Меѓутоа се покажало дека куќата, всушност, била активирана хипотека на банката и дека освен невалидниот поседовен лист, за неа не постоела никаква документација. Банката ги убедувала двајцата инвеститори дека за скоро време за неа ќе биде изваден имотен лист и дека куќата ќе им биде продадена на регуларен начин.

Вредноста на куќата била проценета на 150.000 евра а според пресметките на Чупетрески и Мустафа, рекетот кој им го барале за кредитот изнесувал 50.000 евра. Од причина што и двајцата биле пред банкрот, безусловно ја прифатиле понудата. Меѓутоа, според Чупетрески, тоа не значело крај на „непристојните предлози“ кои им ги испорачала банката.

Откако ја прифативме понудата, повторно се огласи банката за да ни каже на кој начин ќе ги платиме парите, односно ќе ги вратиме назад кај нив. За оваа постапка наречена „перење пари“ инструкциите лично ги презентира директорот на банката кој побара парите да бидат префрлени во втора надворешна фирма која има жиро сметка во „Алфа Банка“. Оттаму фирмата истите пари требало да ги префрли во трета новоотворена фирма со жиро сметка во „Еуростандард Банка“, од каде парите повторно ќе се вратат во „матичната“ банка. На овој начин би требало да се изгуби трагата на парите во банкарскиот систем следен од Народна банка на Македонија. Доведени до пред банкрот, безусловно ги прифативме условите и ги плативме парите на овој начин. Јас ги добив моите пари и истите ги вратив за затворање на кредитот, но наместо да заработам, направив загуба од неколку илјади евра. Иако бев свесен дека сето ова не беше во целосен склад со законската регулатива, бев принуден тоа да го направам, бидејќи во спротивно ми се закануваше затворање на моите фирми и оставање на фамилијата на улица – вели Борче Чупетрески.

Во меѓувреме од адвокатската канцеларија која ја застапува банката до Чупетрески стигнал допис со кој го предупредуваат да престане со било какви искази и, како што се вели во опомената, „неточни информации пласирани во јавноста преку одредени медиуми“, во спротивно му се закануваат дека против него ќе биде поднесена тужба за клевета и кривична пријава за лажно пријавување.

Чупетрески вели дека нема да се откаже од изнесувањето на вистината пред јавноста и дека во таа насока во најскоро време ќе бидат изнесени и нови информации. Истовремено тој ги повикува сите домашни и странски бизнисмени кои имале вакво или слично искуство да се охрабрат и јавно да проговорат за своите проблеми.

Инаку, Јавното обвинителство како неоснована ја отфрли тужбата која Чупетрески ја поднесе против банката, на што е поднесена жалба до Вишото јавно обвинителство.

Зоран Милошески