Почитувани сограѓани!
🙏 Упатувам апел до сите граѓани да не се потпалуваат стрништа. Овие неконтролирани пожари претставуваат сериозна закана за нашите отворени простори, а уште полошо, можат да загрозат населени места, објекти и манастарски храмови!
🙌 Нашите противпожарни екипи се деноноќно на терен, посветено и неуморно се борат со огнената стихија. Прилепската територија е една од најголемите во Република Македонија и потребно е нашите екипи да бидат максимално ефикасни и безбедни во својата работа. Секоја помош и поддршка за нашата Територијална Противпожарна Единица е од огромно значење во овие моменти.
☝️Да бидеме совесни и одговорни! Заедно можеме да ги заштитиме нашите домови, нашите семејства и нашата заедница од потенцијалните опасности.
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.