Прилепска ноќ на евергрини

0
1120

Јавен Простор Прилеп Ве поканува на првиот од серијата Градски концерти.
Имаме задоволство да Ве поканиме на музичко уживање и ноќ исполнета со чувства и носталгија, која ќе ни ја пружат нашите сограѓани Добрила Грашеска (вокал) и Илија Чакароски (гитара.) Ве чекаме на ноќ исполнета со македонски евергрини и дополнителни прилепски изненадувања. Дојдете заедно да пееме и танцуваме, донесете ги Вашите родители, тетки/тетиновци, вујни/вујковци, стрини/чичковци, комшии…
Да се потрудиме, барем на миг, да ги вратиме во нивната младост, а за возврат, можеби ќе не почестат со едно класично танго:)
Спремајте ги штиклите и чевлите:)
Се гледаме во 22 часот во Недела кај Саатот спроти кафе Чоше сограѓани/–ки.