ПРИВЕДЕН РАДОВИШАНЕЦ ЗА ОДЗЕМАЊЕ ВОЗИЛО, СЛЕДУВА СООДВЕТНА ПРИЈАВА

0
471

На 16.12.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(21) од Радовиш. Тој се сомничи дека во периодот од 19.30 до 21.30 часот во Радовиш одзел патничко возило „форд фокус“ сопственост на Т.Д.(34) од Битола, со живеалиште во Радовиш. Возилото било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.