ПРИВЕДЕН ПЕНЗИОНИРАН ПОЛИЦАЕЦ КОЈ МУ СЕ ЗАКАНИЛ ПО ЖИВОТОТ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, ЗА ВРЕМЕ ПРЕТРЕСОТ ПРОНАЈДЕН ПИШТОЛ ,,ЧЕШКА ЗБРОЕВКА” И ПИШТОЛ ,,СМИТ ВЕСОН”

0
1194

Пензиониран полициски службеник е осомничен дека дека сторил кривично дело: загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, односно дека му се заканил по живот на министерот за внатрешни работи.
Како што потврдуваат од скопското Јавно обвинителство пензионерот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во „Центар“ и притоа се заканил дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, а по изречената закана тој ја прекинал врската. Анонимниот бил лоциран и идентификуван, а при претрес на неговиот дом, полицијата пронашла еден карабин марка „Ц3“, со калибар 8Х57 милиметри, пиштол „Чешка Зброевка“ со калибар 7,65мм., пиштол „Смит и Весон“ модел 38/2, повеќе куршуми од различни калибри, еден пар „лисици“ и телескопска палка.

Со оглед на тоа дека се работи за поранешен полициски службеник, но и за лице кое претходно е осудувано за други кривични дела, јавниот обвинител сметаше дека постои основаност на сомненијата дека лицето упатило сериозна закана да нападне врз животот и телото на службено лице. Поради опасност од бегство, до судијата на претходна постапка, од скопскиот кривичен суд Скопје, е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Од Обвинителството не соопштуваат кога се случил настанот и кога бил откриен анонимниот јавувач. ​​