ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ОД СТРАНА НА МВР ЗА ПАЛЕЊЕ НА АВТОМОБИЛОТ НА ПРАТЕНИКОТ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПЕТАР РИСТЕСКИ ОД ПРИЛЕП

0
961

Приведено е едно лице осомничено дека е потпалувач на возилото на пратеникот Петар Ристески од Прилеп, соопшти МВР.

Во информацијата се наведува дека лицето е уапсено во полициската станица во Прилеп.

-На 20.07.2022 во полициска станица во СВР Битола-ОВР Прилеп е приведено едно лице, кое е осомничено во врска со пријавата во 01.45 часот дека на ул.„Цар Самоил” во Прилеп настанал пожар во патничко возило „шкода кодиак”, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на П.Р.(45) од Прилеп, од кој било зафатено и патничко моторно возило „пежо 206″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко Б.Р, снаведува во информацијата на МВР.

Според соопштението на полицијата, пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.