ПРИВЕДЕН КРАДЕЦ ВО ПРИЛЕП, ПРИВЕДЕН КРАДЕЦ И ВО КУМАНОВО И СПРОВЕДЕНИ ВО ЗАТВОР

0
478

Приведен крадец во Прилеп

На 08.09.2022 полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп во близина на поштата во Прилеп лишиле од слобода малолетник од Битола при вршење на кражба на мотоцикл. Сторителот е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава,а украденото е вратено на сопственикот.

Приведен крадец во Куманово, спроведен во затвор

На 08.09.2022 во 06.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Е. (30) од Куманово. Тој бил баран со потерница затоа што бил осуден на една година и шест месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран за доиздржување на седум месеци казна затвор. Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор К’шење за доиздржување на казната.