ПРИВЕДЕН ДИЛЕР НА ДРОГА ОД ОХРИД, ПРИВЕДЕН КРАДЕЦ ОД СКОПЈЕ, РАСЧИСТЕНИ ДВЕ ТЕШКИ КРАЖБИ, ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА, УКРАДЕНОТО ВРАТЕНО НА СОПСТВЕНИЦИТЕ

0
771

Приведен крадец, расчистени две тешки кражби, поднесена кривична пријава, а украденото вратено на сопствениците

Одделението за криминалистички работи при ЕВР Карпош поднесе кривична пријава против А.Л.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Имено, на 29.05.2023 тој со употреба на сила и алат влегол во плац на ул.„Скупи“ и одзел повеќе предмети, додека на 09.04.2023 на истиот начин влегол во плац на правно лице во Скопје, од каде што одзел повеќе предмети.
По преземени мерки и активности, вчера (31.05.2023) тој бил лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Карпош. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

Приведен дилер на дрога од Охрид

На 31.05.2023 во 19.10 часот на крстосница од булевар „Македонски просветители“ со улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Н.(54) од Охрид. Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со кафеава прашкаста материја и се обидел да ја уништи. Од него било одземено ќесе со траги од кафеава прашкаста материја. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени дигитална вага и повеќе предмети со траги од кафеава прашкаста материја.
С.Н. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.