ПРИВЕДЕН ВОЗАЧ СО 3,53 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА, СЕ ОНЕСВЕСТИЛ И ЗАСТАНАЛ НА АВТОПАТ

0
509

Во понеделникот, во 23 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Б.(45) од село Јосифово, валандовско.
Околу 22.00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, тој со патничко возило „фиат“, со гевгелиски регистарски ознаки, застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот.
Тој бил затекнат во неконтактибилна состојба и при укажување помош во Итна медицинска помош Неготино било констатирано дека има 3,53 промили алкохол во крвта, по што биле лишен од слобода.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.