Wednesday, July 9, 2025
22.8 C
Skopje

ПРИВЕДЕНИ 17 ЛИЦА НА ВИДОВДЕН ВО КОСОВО: КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА И СРПСКАТА ЛИСТА СО СПРОТИСТАВЕНИ СТАВОВИ

Косовската полиција соопшти дека привела вкупно 17 лица за време на прославата на Видовден, меѓу кои дел за „поттикнување омраза“ и „носење облека со провокативна содржина“. Еден од приведените е осомничен за нелегално поседување оружје, друг за прекршок, четворица се ослободени, а 11 остануваат под истрага, се наведува во официјалното полициско соопштение.

Полициските активности, според властите, биле извршени во координација со правосудните институции и според судски одлуки.

Од друга страна, Српската листа обвини дека косовската полиција привела повеќе од 15 Срби само поради тоа што носеле српски знамиња или облека со „историски симболи“. Во нивното соопштение се вели дека „официјална Приштина денес јасно покажа дека не ги почитува верските и граѓанските права на српскиот народ“.

Тие остро го обвинија премиерот во оставка, Албин Курти, дека ја „инструментализира полицијата со цел заплашување и притисок врз Србите“, и побараа меѓународната заедница да не остане глув набљудувач.„Молчењето за ваквите постапки значи соучество во систематското угнетување на Србите во Косово“, се наведува во соопштението.

Прославата на Видовден се одржа во Газиместан, на десетина километри од Приштина, каде традиционално се собираат Срби од Косово, Србија и регионот за да го одбележат денот на Косовската битка од 1389 година. Годинава, присуството беше засенето од засиленото полициско присуство и инцидентите со приведувања, кои дополнително ги влошија тензиите меѓу Белград и Приштина.

ОВАА НЕДЕЛА

СПАСОВСКИ: СДСМ БАРА ВОНРЕДНА КООРДИНАТИВНА СЕДНИЦА ВО СОБРАНИЕТО ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИТЕ

Координатрот на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз, Оливер Спасовски,...

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО ГРЦИЈА

Стартуваше изградбата гасниот интерконектор со Грција во должина од...

МИЦКОСКИ: ОВА Е НАШИОТ КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ, СВЕТОТ ГО ВИДЕ ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА БУГАРИЈА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната вонредна прес-конференција,...

МИЦКОСКИ: НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ НОВО ПРЕДАВСТВО И ЌЕ ГИ БРАНАМ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ

На денешната вонредна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која се...

НАПАДНАТА ЕКИПАТА НА ТВ АЛСАТ КАЈ ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО

Екипата на ТВ Алсат била нападната во близина на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ