ПРЕТСТОИ ФИНАНСИСКО ЦУНАМИ: Ако стопира Светска банка, и приватните банки нема да даваат кредити

0
1070

И приватните банки ќе ги стопираат кредитите за Македонија ако тоа го направи Светска банка. Ова неофицијално го најавуваат извори од Светска банка за САКАМДАКАЖАМ.МК, според кои одлуката за евентуално повлекување на оваа институција од земјата автоматски ќе се одрази и врз приватните задолжувања.

Официјално, се уште никој не ја потврдува веста дека минатата недела Бордот на директори на Светска банка дал инструкции да се прекине втората фаза од програмата со која требал да се обезбедат заеми за 57 општини во Македонија во износ од 25 милиони евра. Но, изворите кои ги контактиравме тврдат дека ниту Светска банка ниту комерцијалните банки надвор од Македонија ќе може да и даваат поволни заеми на новата влада после изборите, ако таа не биде признаена од ЕУ и од САД.

“Ако Светска банка одлучи да го прекине кредитирањето во Македонија тоа ќе биде сигнал за управувачките структури на приватните банки кои се поврзани и кои ја следат политиката на Светска банка. Доколку пак и Европската унија воведе некакви санкции кон функционери на владејачката партија и нивни финансиски поддржувачи, ова ќе биде неизбежна последица”, велат нашите извори од Светска банка кои не се овластени да даваат официјални изјави.