Претставници на АРМ од денеска ќе прават ред пред банки и маркети во Прилеп

0
396

Претставници на Армијата на Република Северна Македонија од денеска ќе бидат вклучни за обезбедување на ред пред банките и маркетите во Прилеп. Ова го наведе прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски во пост на неговиот Фејсбук профил во кој, како што дообјасни, е со цел да се елиминираат непотребните гужви и покрај бројните апели во населението за држење на растојание.Во контекст на држењето на растојание и ефикасно спроведување на мерките на Владата, Министерството за здравство и Општинскиот кризен штаб, а во насока на заштита на здравјето на граѓаните, пред експозитурите на банките и маркетите во градот, Општината постави налепници за одржување на препорачаното растојание меѓу граѓаните од минимум два метра.