ПРЕТСТАВНИКОТ НА ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА И РАЗВОЈ ЈАН ЏЕНИНГС МУ НАПРАВИ ГОЛЕМА ЧЕСТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ СО ШТО ДЕНЕС БЕШЕ НА ПОСЕТА ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП

0
181

На мое огромно задоволство, денеска во мојот кабинет остварив средба со претставникот на Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРР), Јан Џенингс.

На средбата разговаравме за можностите за остварување соработка помеѓу Општина Прилеп и ЕБРР, првенствено во изработката на проекти за функционални сообраќајни решенија за градот, категоризација на улиците и повеќе паркинг места, за подобар и поефикасен јавен превоз во градот и населените места.

На денешниот иницијален разговор, со г-нот Џенингс ги разгледавме можностите за начинот на кој ЕБРР може да се вклучи во развојот на ваквите проекти во нашата општина, со посебен фокус на ‘зелената’ мобилност и одржливоста во јавниот транспорт.

Верувам дека студијата која во наредниот период ќе ни ја предложат од ЕБРР, ќе ни користи за севкупна реализација на проектот, првенствено во насока на подобрување на условите во јавниот превоз.

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп,  Илија Јованоски.