ПРЕТСТАВАТА ,,ФАМИЛИЈАРНА ПОСЕТА ВО 3:14:07 – 7 МИНУТИ ПОРАНО” НА МЛАДАТА АКТЕРКА, АНИЦА БЕБИЌ СОСТАВЕНА ОД МЛАДА АКТЕРСКА ЕКИПА ОД СЕГА ЌЕ СЕ ПРИКАЖУВА И НА ЈУТЈУБ КАНАЛ

0
364
За сите оние кои не стигнаа до карта за изведбите во живо, „Фамилијарна посета во 03:14:07 – 7 минути порано“ ќе се прикаже онлајн на официјален Јутјуб канал, на линк кој дополнително ќе биде прикачен на оваа страница. Првите онлајн изведби се на 26ти и 27ми август со почеток во 20:30 часот. Не пропуштајте!

„Сите среќни семејства си прилегаат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“ – Лав Николаевич Толстој („Ана Каренина“)
Приказна за конфликтите меѓу три генерации во две различни времиња, која полека ги открива темите на религија, феминизам, успешни и неуспешни обиди за самоубиство, но пред се, осаменоста која ја чувствуваме кога сме со оние кои што треба да ни се најблиски. Работена по мотиви на „Мајка и дете“ од Јон Фосе.
Финансирано од: Министерство за Култура на Р. С. Македонија

Режија: Аница Бебиќ
Актерска екипа:
– Мајката: Захарија Ангелеска
– Младичот: Филип Трајаноски
– Бабата: Аница Бебиќ
Композитор: Оливер Јосифовски
Кореограф на ериал слинг техника на платно: Маја Крстеска
Аудиовизуелен уметник: Бранко Блажевски и Дарко Димитриески
Превод и адаптација на текст: Аница Бебиќ
Онлајн реализација: Бранко Блажевски и Илија Жоговски
Фото: Тома Димовски
Креација на плакат и брошури: Марија Стојанова

Огромна благодарност до Министерство за култура на Р.С. Македонија за финансиската поддршка и вербата во проектот, како и до СЦ Борис Трајковски за дадениот простор.

Благодарност и до „Хуго Кофи ен Бар“, „Кафе Ли“, „Круг“, „Лед Цепелин“, „Ваби Саби Кофи Шоп“, „Блок Кафе“ и „Колектив Ветерница“што ни дозволија да го користиме нивниот простор за рекламен материјал, до Марија Стојановска и Бети Костоска за помошта околу сценографијата, како и до Небб Солушнс Скопје за изнајмениот видео проектор и безрезервната поддршка