Thursday, December 5, 2024
4.8 C
Skopje

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 115-ГОДИШНИНАТА ОД БИТОЛСКИОТ КОНГРЕС

 
Денес, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, беше присутен во Битола, на активностите по повод одбележувањето на 115-годишнината од Битолскиот конгрес a организирани од Амбасадата на Република Албанија во Република Северна Македонија.

Програмата беше конципирана на тој начин што се посети Музејот на албанскиот јазик  во Битола, каде гостите имаа можност да се потсетат и да оддадат почит на истакнатите личности на нацијата, како и на историските датуми кои придонесоа во развојот и интелектуалното издигнување на албанскиот народ. На настанот за одбележување на унификацијата на албанскиот јазик, беше присутен и Претседателот на Република Албанија, почитуваниот Бајрам Бегај, претставници на извршната власт, на локалната власт како и на политичките сили во Република Северна Македонија.

Институционалните претставници, како и одговорните политичари, имаат обврска да го негуваат културното, интелектуалното и душевното наследство на народот. Тоа треба да го прават на секој чекор, со секое дело и со секоја иницијатива што ја преземаат. Идните генерации треба да ја знаат вредноста и жртвата што е направена за да се постигне да се биде на рамништето на етаблираните светски нации.

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕФОН НА XIAOMI

Xiaomi се подготвува официјално да го претстави новиот модел...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ