Sunday, June 22, 2025
21.8 C
Skopje

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ФИЛИПЧЕ НА ПРВА КООРДИНАЦИЈА : ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ЌЕ ИМААТ РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИТЕ ВО КАНЦЕЛАРИИТЕ НИЗ ДРЖАВАТА

Претседателот Венко Филипче ги започна редовните координации со пратеничката група на СДСМ, за организирано и силно делување во македонското Собрание. Денес се одржа првата средба со која се означува почетокот на новото политичко делување на партијата. На средбата се разговараше за актуелните закони кои ги предлага Владата и предлозите на кои СДСМ работи и ќе ги достави до Собранието.

-Нашиот примарен фокус е да ја обновиме довербата кај грѓаните а пратениците на СДСМ да бидат вистински претставници на граѓаните во Собранието. Затоа, согласно моите ветувања пред членството, секој од пратениците ќе има редовни средби со граѓани во изборните единици од каде ја добија довербата и ќе биде во постојан контакт со потребите на луѓето. Преку канцелариите на пратениците и редовните средби со граѓаните, ќе осигураме дека политиките и предлозите на СДСМ ќе бидат во тесна врска со потребите и очекувањата на граѓаните, рече Филипче. СДСМ ќе делува конструктивно во интерес на граѓаните и будно ќе ја следи работата на Владата и законите кои ги предлагаат.

ОВАА НЕДЕЛА

НАПАДИТЕ ВРЗ ИРАН – НАЈГОЛЕМИОТ И НАЈРИЗИЧЕН ЧЕКОР НА ТРАМП ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА

Со својата невидена одлука да ги бомбардира нуклеарните постројки...

ОД УЛИЧНО НЕДОРАЗБИРАЊЕ ДО ТЕПАЧКА СО ТУПАНИЦИ И СТАПОВИ НА ЈАДРАНСКА МАГИСТРАЛА

Во меѓусебната тепачка учествувале М.В. (32), Ш.В. (46), двајцата...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ