Претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија г-нот Максим
Димитриевски на покана на Н.Е. Серик Жумангарин, заменик Премиер и
Министер за национална Економија на Република Казахстан присуствуваше на
меѓународниот Астана форум.
На овој настан беше придружуван од почесниот конзул на Р.Казахстан во
Македонија г-дин Ејуп Абдулахи.
Навни домаќин при посетата беше Амбасадорот на Р.Казахстан во Македонија
Н.Е. Сатибалди Буршаков.
– На маргините на форумот г-нот Димитриевски го посети еден од главните
индустриски центри во државата, градот Караганда и во таа прилика
оствари средба со Акимот на градот Караганда г-дин Меирам Кожухов при
што потпишаа меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и градот
Караганда.
Меморандумот за соработка подразбира развој на односите помеѓу локалните
самоуправи, размени на идеи и искуства во социо – економскиот живот,
култура, спорт, образование, соработка на младински организации и др.
– Наскоро во Куманово ќе биде отворен и почесен Конзулат на Република
Казахстан кој веќе има именувано свој почесен конзул во нашиот град.
– Следува и иницијатива за организација на заеднички бизнис форум на
представници од двете држави кој би се одржал во Куманово.