Friday, December 13, 2024
-0.2 C
Skopje

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА МИЦКОСКИ ЌЕ ИЗВРШИ УВИД НА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА ТРИ ПАТНИ ПРАВЦИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Почитувани,
Ве известуваме дека утре 09.11.2024 година (сабота) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на трите патни правци, од мостот Башино село до Вулканизер Дине, од Вулканизер Дине до Речани, и од мостот Гемиџии до Лукоил во Општина Велес.
Градежните зафати ги изведува Македонија пат – Подружница Велес, а вкупната инвестиција е 44 милиони денари.
Потоа, претседателот Мицкоски ќе изврши увид на спортската сала и спортските терени во ООУ Васил Главинов.
Спортската сала заедно со соблекувалните и тоалетите се реконструираше со финансиски средства од Министерството за образование и наука и вкупната инвестиција е во износ од 10 милиони денари.
Надворешните спортски терени опфатија целосна реконструкција на фудбалското игралиште, второто фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште со најсовремена подлога одобрена од FIBA, како и изведба на нова фитнес зона во рамки на овој комплекс. Вкупната инвестиција е 7 милиони денари.
Предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски во близина на бензинска пумпа Лукоил во Општина Велес.
Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ