ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА, МИЦКОСКИ НА ПОСТАВУВАЊЕ НА КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА ОБЈЕКТОТ ДОМ НА КУЛТУРА СО СПОРТСКА САЛА ВО СЕЛО ДРЕНОВО, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

0
68
Почитувани,
Ве известуваме дека денеска 21.09.2024 (сабота) претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Кавадарци.
Во 13:00 часот, претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на објект – Дом на култура со спортска сала во село Дреново, проект во вредност од 25.000.000 денари.
Во 13:40 часот ќе изврши увид на градежни активности на објектот „Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост“.
Во 14:15 часот ќе го посета ОВР Кавадарци и презентација на проектот Safe city.
Safe city е инвестиција на општината со меморандум со Министерството за внатрешни работи со кои ќе се овозможи на МВР да ги гледаат вкупно 220 камери на општината.
Проектот е почнат од 2019 година, направен со општински средства, а до сега се вложени 13.000.000 денари. Секоја година Safe city се дополнува со камери и софтвер.
Предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски по презентација на проектот Safe city.
Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.