Претседателот Заев од маршот „Чекориме за правда“: Судии и обвинители, ВМРО ДПМНЕ веќе не ви може ништо, испорачајте правда!

0
160

а вечерашното обраќање на маршот „Чекориме до правда“ претседателот на СДСМ Зоран Заев истакна дека треба да се искористи позитивниот момент со носењето на Законот за јавно обвинителство и судиите да се охрабрат и да носат одлуки без да подлегнуваат на притисоци.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски од вчера се целосно поразени на тема правда. И вчера целата јавност тоа го виде. Успеавме да обезбедиме двотретинско мнозинство и ве повикувам со огромен аплауз да им се заблагодариме и да ги поздравиме нашите 80 пратеници од македонскиот парламент. Затоа почитувани сограѓани, треба да се искористи овој момент, сите да се охрабрат. Судии, обвинители, поротници! Ослободете се, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски, ниту нивните инсталации не ви можат ништо! Граѓаните, нашиот народ од кои што земаме плата, очекуваат правда – на вас е да ја испорачате правдата во Република Северна Македонија“ порача Заев.

Претседателот Заев истакна дека институциите го ослободуваат судството и затоа со право сите очекуваат правда и владеење на правото.

Ние го ослободивме судството,и да знаат судиите и обвинителите дека го ослободивме но будно го следиме. И затоа денеска чекориме, затоа што гориме, затоа што сме жедни, затоа што сакаме правда, правда во нашата земја. Да правдата доаѓа бавно, но доаѓа! Ако ги ослободивме обвинителите и судиите, да судат подеднакво за сите, еднакво да важи законот и правдата за сите, тоа не значи дека можат да забегаат во друга крајност. Затоа сме денеска овде, законодавството е донесено, нема да дозволиме затоа што и правосудството и Парламентот и извршната власт,и локалната власт, постојат заради граѓаните. Овде сме со будното око, да следиме и да чекаме, правна завршница на сите случаеви. Таму каде што има докази, очекуваме транспарентни одлуки, по устав, закон и сопствено убедување на судиите. Очекуваме казни затвор, таму каде што нема докази, законот важи еднакво за сите и никој не е виновен. Затоа сме денеска овде, вака спонтано собрани, затоа што ни треба правна држава. Стоиме тука пред црвената линија – и нема да ја преминеме, зашто не смее ниту партија ниту извршна власт да влезе во судска власт! Ние не смееме и нема да се мешаме во судската власт, но имаме обврска да бараме судската власт да се менува и тоа го бараме. Го бараме денеска, овде пред судот, ќе го бараме и преку институциите и преку јавноста. Ќе го бараме постојано се додека оваа држава, овие граѓани не добијат правда, порача претседателот Заев на маршот „Чекориме за правда“.