Претседателот Заев на трибина во Гостивар: Идентитетот го обезбедивме, ги исполнувме аспирациите на нашите претци!

0
409

Направивме чекори за пример и цел свет зборува за тоа. Конечно го фиксиравме, го зацврстивме идентитетот, никој веќе не го спори македонскиот јазик и македонскиот народ, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина „На прв пат“ во Гостивар.

Во Обединетите нации нема веќе ФИРОМ, сега е впишана личната карта на нашата држава, таму, во ООН е запишано, македонски јазик и Македонци. Ја исполнивме вековната аспирација на нашите татковци и дедовци и затоа треба да сме горди, додаде претседателот Заев.