Претседателот Заев: Во Гостивар покрај гасоводот и театарот, отворивме нови центри за ран детски развој, го обновивме патот кон Кичево и 5 мостови

0
412

За само 2.5 години се направи многу. Паралелно додека ги решавме најголемите прашања, наталожените проблеми, работевме на сите полиња и рамномерно низ целата држава. Пример за тоа е и Гостивар, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната граѓанска трибина „На прав пат“.

Не е само гасоводот што го носиме во Гостивар, не е само театарот што го отворивме овде. Во Гостивар обезбедивме и нов Центар за социјална заштита, отворивме Центар за ран детски развој во Равен и во Форино. Дополнително го обновивме целосно патот од Гостивар кон Кичево, со реконструкција на 5 мостови. После децени го реконструираме и кровот на училиштето Гоце Делчев, со поддршка на УНДП и Швајцарската агенција за развој. Тоа е прав пат и грижа за граѓаните, рече претседателот Заев.