Thursday, December 5, 2024
4.8 C
Skopje

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БАРА ВЕДНАШ ДА БИДЕ СПРОВЕДЕНА ИСТРАГА И ДА СЕ ЗАШТИТАТ ЖРТВИТЕ

Претседателот Пендаровски го охрабрува пратеникот Ковачки сите сознанија што ги има за случаи на сексуално вознемирување во Армијата да ги достави до надлежните институции со цел преземање на понатамошни соодветни дејства, велат од Кабинетот на претседателот.

„До Кабинетот на претседателот не се доставени информации за случаи на сексуално вознемирување на припаднички на Армијата од страна на високи армиски функционери“.Ваков одговор добивме од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски откако пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кажа дека високи офицери изнудувале секс-услуги од подредени колешки во Армијата.

„Доколку постојат вакви случаи, претседателот Пендаровски смета дека е потребно веднаш да биде спроведена детална истрага, да се заштитат жртвите, да има целосна одговорност и казни за сите лица кои си дозволиле да ја искористат службата за извршување на вакви дела. Претседателот Пендаровски го охрабрува пратеникот Ковачки сите сознанија што ги има за случаи на сексуално вознемирување во Армијата да ги достави до надлежните институции со цел преземање на понатамошни соодветни дејства“, велат од Кабинетот на претседателот.

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕФОН НА XIAOMI

Xiaomi се подготвува официјално да го претстави новиот модел...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ