ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА МУ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА МИЦКОСКИ, ТОЈ НАЈАВИ „ИСТОРИСКИ И ЕПОХАЛНИ“ ИНВЕСТИЦИИ

0
36

Професорот Христијан Мицковски е вистински правен и политички чекор, истакна претседателката Гордана Силјановска Давкова при денешното врачување на мандатот за формирање влада.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска му го додели мандатот за формирање влада на, како што рече, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, господинот професор доктор Христијан Мицкоски, чија партија на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 мандати. Сиљановска,повикувајќи се на уставните рокови и фактот дека претседателот на Собранието Африм Гаши беше избран со 76 гласови, изрази уверување дека Мицкоски може да формира влада и затоа му го доверува мандатот.

Со тоа почна да тече рокот од 20 дена во кој треба да биде формирана владата, нешто за што Мицкоски очекува да се случи пред крајниот термин, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ може и утре да го соопшти новиот состав, но сака прво да обезбеди двотретинско мнозинство.