Thursday, April 17, 2025
17.8 C
Skopje

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГИ ПОСЕТИ ПОВРЕДЕНИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ШТО СЕ ЛЕКУВААТ ВО СОФИЈА

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ја посети болницата „Пирогов“ во Софија, каде што се лекуваат македонските граѓани повредени во трагичниот пожар во Кочани.

Во разговор со бугарскиот министер за здравство, проф. д-р Силви Кирилов, заменик-директорот на болницата, проф. д-р Николај Габровски, и раководителката на Одделот за изгореници и пластична хирургија, доц. д-р Маја Аргирова, претседателката беше информирана дека здравствената состојба на осумтемина пациенти е стабилна и дека нивниот опоравок бележи напредок под надзор на врвни медицински експерти.

„Во присуство на лекар Македонец, имав можност подолго да разговарам со најблиските роднини на повредените. Тие најпофално се изразија за посветеноста на болничкиот персонал и со радост ја истакнаа видливата подобреност на состојбата на нивните најмили,“ изјави Сиљановска-Давкова.

Таа исто така се сретна со бугарските медицински тимови кои учествуваа во укажувањето на итна помош, изразувајќи им искрена благодарност за нивната професионалност, пожртвуваност и човечност.

„Нивната благородна мисија е вистинско олицетворение на медицинската етика, солидарноста и хуманоста – вредности што ќе останат темел на заемната почит и искреното пријателство меѓу двата блиски народа, македонскиот и бугарскиот,“ истакна претседателката.

Посетата на Сиљановска-Давкова доаѓа во знак на поддршка за повредените и нивните семејства, како и во потврда на блиската соработка меѓу двете земји во областа на здравството и хуманитарната помош.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ