Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА, АЛАН БЕРСЕ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе. На средбата беа разменети мислења за целите и приоритетите насочени кон демократизацијата на македонското општество, човековите права и владеењето на правото. Реафирмирајќи ја посветеноста за натамошна конструктивна соработка со Советот на Европа, претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од континураната поддршка за нашето целосно усогласување со европските стандарди и вредности.

Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста од кредибилно постапување на Европската Унија во однос на интеграцијата на земјите од Западен Балкан кога напредокот на поединечните кандидати е евидентно заслужен. Таа се осврна и на неопходното обезбедување усогласеност со обврските што земјите-членки ги презеле, вклучително и правилното спроведување на пресудите на Судот во Стразбур.

Соговорниците разговараа и за актуелните безбедносни состојби во Европа, со акцент на војната во Украина, како и за потребата од посветеност и заеднички пристап кон сегашните и идните предизвици какви што се влијанието на новите технологии и климатските промени врз човечките ресурси. На средбата претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до новоизбраниот генерален секретар на Советот на Европа, Алан Берсе, изразувајќи искрени желби за успешно исполнување на важната мисија и продолжување на плодната соработка со македонските институции.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

ВИСАР ГАНИУ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ АРСОВСКА „НИКОЈ ОД ОПШТИНА ЧАИР НЕ Е ИНВОЛВИРАН“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ