ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ГИ ИМЕНУВАШЕ МАЛИНА РИСТЕВСКА ЈОРДАНОВА, ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ И ВЛАДИМИР СПИРИДОНОВ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

0
128

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно своите уставни надлежности, за членови на Советот за безбедност ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова – експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини – поранешен министер за финансии и Владимир Спиридонов – експерт за климатски промени. Со именувањето на тројцата членови од страна на претседателката Сиљановска Давкова, Советот за безбедност на Република Северна Македонија е во полн состав:

Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Членови на Советот за безбедност се:

· Африм Гаши, претседател на Собранието,

· Христијан Мицкоски, претседател на Владата,

· Панче Тошковски, министер за внатрешни работи,

· Владо Мисајловски, министер за одбрана,

· Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија,

· Џевдет Хајредини,

· Малинка Ристевска Јорданова, и

· Владимир Спиридонов.