ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЛЈАНОВСКА ЌЕ ГО ПОТПИШЕ ЗАКОНОТ ЗА РЕОРГАНИЗАЦИЈА НА ВЛАДАТА НО ЗА ДВОТРЕТИНСКИ ЗАКОНИ НЕМА ВЕТО!

0
108

Претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, нема право на вето на законските измени со кои се воведуваат нови и се прави реорганизација на министерствата, велат од нејзиниот кабинет.

„Кабинетот на Претседателката укажува дека Законот за организација и работа на органите на државната управа е системски закон, односно се носи со двотретинско мнозинство, па согласно член 75 од Уставот, Претседателот нема право на вето на истиот, односно е должен да го потпише указот“, соопштија од претседателскиот кабинет.

Законските измени беа донесени со 88 гласа „за“ и 22 „против“. Седницата за нивно носење започна во петокот, а продолжи и по полноќ. Поддршка, покрај пратениците од новото мнозинство кое го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ кои заедно имаат 78 пратеници, дадоа и пратеници од ДУИ.