ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА УТРЕ ВО 12 ЧАСОТ ЌЕ МУ ГО ДОДЕЛИ МАНДАТОТ НА ИДНИОТ МАНДАТАР МИЦКОСКИ

0
47

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова утре во 12:00 часот, ќе го врачи мандатот за состав на Влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопштија од нејзиниот кабинет.

Претходно Мицкоски рече дека разговорите за формирање Влада се при крај и дека очекува многу брзо да го поднесе составот на новата Влада.