Претседателката на ОО СДСМ Карпош и кандидат за пратеник- Марија Георгиевска во низа хуманитарни акции за граѓаните

0
1517

Марија Георгиевска, кандидат за пратеник од редовите на СДСМ на престојните избори, изминатиот период во низа хуманитарни акции донираше за најранливите групи на граѓани, како и на здравствените работници кои се справуваат со Коронавирусот.

Во овие тешки моменти, претседателката на ОО СДСМ Карпош, донираше хуманитарни пакети со храна и хигиенски средства за над 50 семејства во социјален ризик во Визбегово и над 30 семејства во Бардовци. За детската болница Козле донираше медицинска заштитна опрема и средства за дезинфекција.

Во Зоолошката градина во Скопје, помогна вработените да добијат заштитни маски, ракавици и антибактериски гелови во пресрет на отворањето на градината, а заедно со младинскиот клуб на ОО Карпош, на повеќе локации делеа и заштитни маски за нашите сограѓани. Хуманитарните активности продолжуваат и понатаму во овие тешки моменти кога сите се справуваме со последиците од пандемијата.

Се грижиме едни за други!