Friday, April 25, 2025
24.8 C
Skopje

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ПРИМИ МЕДИЦИНСКИТЕ ТИМОВИ ОД ИЗРАЕЛ И ЧЕШКА, КОИ МНОГУ ПОМОГНАА СО ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ

Медицинските тимови на Израел и Чешка попладнево беа на прием кај претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, во придружба на нивните амбасадори.

Тимовите од Израел и Чешка многу помогнаа во лекувањето на повредените кои настадаа од пожарот кој се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 лица, претежно млади и деца, а речиси 200 беа повредени. На лекување надвор од државата се 115 пациенти, а останатите се во болницте во Македонија.

Моментално во Клинички центар се хоспитализирани 25 пациенти, во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ се 12 пациенти, во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ 11 пациенти и во Клиничка болница Штип 1 пациент, а во приватните болници има 9 пациенти.

„Имав особена чест да ги примам медицинските тимови од Државата Израел (16 члена) и Чешката Република (6 члена), во придружба на нивните амбасадори, пред заминувањето.

Тие, заедно со веќе заминатиот српски медицински тим од ВМА, извршија стотина операции во соработка со македонските лекари. Се работи за лекари со врвно знаење, професионалност, хуманост, пожртвуваност и етика. Убаво е да се чујат комплименти за нашите лекари, како и изразена спремност за нивна едукација.

По она што го чув од нив, не можев да најдам соодветни зборови за да им изразам должна благодарност. Од срце им благодарам за херојскиот ангажман во спасувањето на животите на настраданите во апокалиптичниот пожар.

Никогаш нема да го заборавам нивниот несебичен лекарски потфат!“, објави претседателката.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: ДОДЕКА ДПМНЕ, ЗНАМ И ВЛЕН СЕ РАСПРАВААТ, ЦЕЛИОТ СИСТЕМ СЕ РАСПАЃА

Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната...

БЛУМБЕРГ: САД ЌЕ БАРААТ РУСИЈА ДА ГО ПРИЗНАЕ ПРАВОТО НА УКРАИНА НА СОПСТВЕНА АРМИЈА И ОДБРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Соединетите Американски Држави планираат да побараат од Русија експлицитно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ