ПРЕТРЕС ВО ПРИЛЕП, ПРОНАЈДЕНА ДРОГА, ПРИВЕДЕНО ЕДНО ЛИЦЕ

0
115

Денеска (09.08.2024) врз основа на судска наредба од Основен суд  Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп  извршиле претрес во дом и други простории во Прилеп, кои ги користи Р.Р.(52) од Прилеп.

При претресот пронајдена е кеса со марихуана, како и семки од канабис. Р.Р. е приведен во полициска станица, а по документирање на настанот ќе следува соодветна кривична пријава.