ПРЕТРЕСИ ВО ПРИЛЕПСКО, ПРИВЕДЕНО ЕДНО ЛИЦЕ, ПРОНАЈДЕНИ ОРУЖЈЕ, МУНИЦИЈА, ДРОГА И ПРЕДМЕТИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА КРАЖБИ

0
589

Денеска (17.05.2023), полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода Д.С.(44) од Прилеп. При претрес во неговиот дом во Прилеп, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети за изработување на оружје и за извршување на тешки кражби, како што се солзавец, шишенца исполнети со течност, разновиден алат и друго.

При претрес, пак, во викенд куќа во с.Бешиште, прилепско, во која престојувал, извршен, исто така, со судска наредба, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и од Полициската станица Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ пронашле и одзеле прачки индустриски експлозив, бавногоречки штапини, детонаторски каписли, ловечка пушка калибар 12мм, делови од ловечка пушка, ловечки патрони калибар 12мм, куршуми од различен калибар, делови од растение канабис, дигитална вага, противпешадиска мина, рачна бомба, куршуми за карабин, една воздушна пушка и др.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.