ПРЕТРЕСИ ВО КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ, ПРОНАЈДЕНИ ПОВЕЌЕ ПАКУВАЊА ДРОГА И МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ

0
540

Денеска (05.03.2023) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со Одделот за специјални полициски операции, СВР Скопје и тимови со службено куче од мобилната царина, под раководство на јавен обвинител спроведоа акциска контрола во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

При контролата, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во две ќелии и притоа биле пронајдени и одземени 25 пакувања со бела прашкаста материја, шест пакувања со марихуана и 12 мобилни телефони.По извршено вештачење и целосно документирање на случајот, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ќе поднесе соодветна кривична пријава.